Утрински Весник
Македонија

Без вода делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“, информира дека, денеска, поради дефект на затворач ф-250 мм на улицата Боца Иванова бб (во близина на пругата покрај Серава), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од булеварот Македонско-косовска бригада, вклучително и трговскиот центар „Поинт ретаил парк“, „Вива фреш“ и „Касарна Илинден“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.

Можете да прочитате

Денеска сончево време со повремен ветер

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат