Утрински Весник
Свет

Бегиќ: Црна Гора веќе нема да ги затвора своите граници

Бегиќ: Црна Гора веќе нема да ги затвора своите граници
Dik 300x250 mk

Црна Гора веќе нема да ги затвора своите граници кон земјите во регионот, рече Сенад Бегиќ, помошник директор на Институтот за јавно здравје.

Тој рече дека границите нема да бидат затворени и покрај лошата епидемиолошка состојба и ненадејниот скок на бројот на заболени од коронавирус.

Бегиќ вели дека на сите им е јасно дека скокот на бројот на заразени лица се должи на непочитување на превентивните мерки, како и на општествено-политичките настани во претходниот период.

Овие настани, вели тој, се поврзани пред се со масовните предизборни собири, на кои беа очигледни флагрантни прекршувања и непочитување на мерките и препораките за спречување на ширење на новиот коронавирус.

Бегиќ за „Нова С ТВ изјави дека не е оправдано да се очекува воведување мерки за забрана за меѓународни патувања, или забрана за пристигнување од Србија или од други земји во Црна Гора, кои нема да имаат ефект и кои немаат голема епидемиолошка смисла.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во тешка несреќа со повеќе возила загинаа над 60 лица во Уганда (ВИДЕО)

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме