Утрински Весник
Свет

Бајден утре ќе разговара со кинескиот претседател за Украина

Бајден утре ќе разговара со кинескиот претседател за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден утре телефонски ќе разговара со кинескиот колега Си Џинпинг за руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа.

Станува збор за одржување на отворени комуникациски канали меѓу Соединетите Држави и Народна Република Кина, рече во изјавата портпаролката на извршната власт на САД, Џен Псаки.

Двајцата лидери ќе разговараат за ривалството меѓу Вашингтон и Пекинг, како и за војната на Русија против Украина и за други прашања од заеднички интерес, додаде таа.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста