Утрински Весник
Економија

Бајден сака да го зголеми данокот за најбогатите Американци

Бајден сака да го зголеми данокот за најбогатите Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, сака да го зголеми данокот на доход за најбогатите Американци, потврди Белата куќа.

„Тоа зголемување на данокот е дел од фискалната реформа насочена кон наградување на работата, не само на богатството“, рече Брајан Дис, главниот економски советник на Бајден.

Според нацрт-реформата, додаде тој, за која сигурно жестоко ќе се бориме во Конгресот, промените ќе влијаат само на оние даночни обврзници кои заработуваат повеќе од милион долари годишно.

Според него, само 0,3 проценти од даночните обврзници или околу 500.000 домаќинства би биле погодени од реформата.

Според повеќе американски медиуми, стапката на данок може да биде скоро двојно поголема, од 20 на 39,6 проценти.

Можете да прочитате

УЈП: Истече  рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

За основен живот во април потребни речиси 69.000 денари

Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата