Утрински Весник
Свет

Бајден ги откри плановите: НАТО формира четири нови борбени групи

Бајден ги откри плановите: НАТО формира четири нови борбени групи

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека НАТО се согласил да формира четири нови борбени групи во Словачка, Романија, Бугарија и Унгарија.

Во изјавата по самитот на лидерите на НАТО, Бајден рече дека формирањето на нови борбени групи „е силен сигнал дека колективно ќе ја браниме и заштитиме секоја педа од територијата на НАТО“, пишува Гардијан.

„Од сега до самитот на НАТО во јуни ќе развиеме планови за дополнителни сили и способности за зајакнување на одбраната на НАТО“, рече Бајден на самитот.

Бајден рече дека Соединетите Држави ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата влада со „значителна и зголемена количина на безбедносна помош во борбата против руската агресија и зачувувањето на нивното право на самоодбрана“.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина