Утрински Весник
Македонија

Бачев: Мицкоски и Заев се два столба на една фудбалска статива кои ја рушат Македонија

Бачев: Мицкоски и Заев се два столба на една фудбалска статива кои ја рушат Македонија

Заев го брише името на државата, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, но од друга страна Мицкоски го прифаќа предавството и вели дека нема да ги поништува антимакедонските договори, изјави претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, нагласувајќи дека и Заев и Мицкоски работат против Македонија.

„Мицкоски не застана со народот на бојкот на референдумот и не се приклучи на протестите и блокадите против промена на на Уставот. Мицкоски му позајми на Заев 8 пратеници за да се изврши националното предавство. Милион и двесте илјади македонци кои го бојкотиравме референдумот, Мицкоски не’ нарече фекалии. Ова се сите аргументи од кои можеме да заклучиме дека Заев и Мицковски се како два столба од една фудбалска статива кои цврсто се држат и ја рушат Македонија. Ако се тргне од стативата едниот дирек Мицкоски, ќе падне другиот дирек Заев, но Мицкоски е потпорен столб на Заев и ниту еднаш не се приклучи со народот за да падне Заев. Затоа, гласот за Мицкоски на овие избори е глас за Заев, а глас за Заев и Мицковски на овие избори е глас на националното предавство и грабежот“, рече Бачев.

Тој додаде дека со  „Единствена Македонија“ во парламентот се’ ќе биде поинаку.

„Убеден сум дека народот е свесен дека нема повеќе право на грешка и дека ќе одбере национална и патриотска партија во која може да и верува. Потребна е патриотска партија, потребна е “Единствена Македонија”во парламентот. На 15-ти јули ќе си ја вратиме државата назад, а потоа е лесно да ги решиме реалните проблеми на народот. Економската наука ги измислила механизмите како се прави добра држава со висок стандард, потребни се само чесни политичари. Мојата 28 годишна, професионална кариера без ниту една криминална дамка, повторувам без ниту една криминална афера е силен аргумент да ја побарам довербата од вас на изборите, гордо и со крената глава“, рече Бачев.

https://www.youtube.com/watch?v=B_3O0fTdrv8

Тој ветува дека никогаш нема да ја предадат Македонија.

„Нашата земја е нашата татковина “Единствена Македонија ” никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници македонци и македонки кој ја пролеаа за нашата горда Македонија. Никогаш нема да го предадеме името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ , кажувам директно и јасно ние од „Единствена Македонија“ сме во политиката да ги исправиме и одбраниме највисоките македонски интереси. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ќе се бориме и за Македонија. Ова не е битка за власт, ова не е битка за Јанко Бачев, јас сум небите, ова не е битка на индивидуалци и лидери, тоа е минлива категорија, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија, битка која само заедно можеме да ја победиме. Нашата борба е исправна. Ние се бориме да останеме свои на своето. Нашата борба е света должност. Ние ќе се бориме, почитувани избираши од вас и вашата волја зависи тоа дали ќе успееме. Гласајте за “Единствена Македонија” и за коалицијата “Никогаш северна-само Македонија” и бројот 11. Да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија убаво место за живеење“, додаде Бачев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје