Утрински Весник
Спорт

ЦАС му ги врати бодовите на ПАОК

ЦАС му ги врати бодовите на ПАОК

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја поништи одлуката на Фудбалскиот сојуз на Грција и на ПАОК му ги врати одземените бодови.

Грците го казнија ПАОК по жалбата на Олимпијакос дека сопственикот на клубот од Солун има дел и во Ксанти , што не е дозволено според правилникот на Фудбалскиот сојуз.

ПАОК остана без седум бода кои сега ЦАС му ги врати.

Со враќањето на бодовите ПАОК скокна на второто место на табелата веднаш зад Олимпијакос.

Инаку покрај ПАОК казнет беше и Ксанти. Казната за овој клуб ќе остане бидејќи тие не ја обжалиле одлуката пред судот во Лозана.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп