Утрински Весник
Спорт

Барселона е блиску до потписот на Кунде

Каталонскиот гигант Барселона направи нов потег во преговорите за ангажман на Жул Кунде. Одбранбениот фудбалер на Севилја е трансферна цел на Челси, а раководството на Барса сега понуди 65 милиони евра за потписот на францускиот интернационалец.

dobivaj vesti na viber

Според шпанските медиуми, Севилја се согласила да го продаде Кунде за оваа сума, но потврдата треба да пристигне во текот на денот.

Челси сигурно нема така лесно да се откаже од трката, со оглед дека и на Томас Тухел очајно му е потребен уште еден квалитетен дефанзивец во тимот.

Можете да прочитате

Тренер по кревање тегови во Грција набавувал и снабдувал спортисти со допинг супстанции

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите

Ѓоковиќ падна на 12-то место на АТП листата