Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Барди е негативен на коронавирус и ќе може да настапи против Австрија

Барди е негативен на коронавирус и ќе може да настапи против Австрија
Img 7972

Одлични вести пристигнаа денеска од таборот на македонската фудбалска репрезентација.

Фудбалерот на Леванте, Енис Барди е негaтивен на денешниот тест на Ковид-19, па, согласно протоколите на УЕФА, веднаш се приклучува на подготовките на македонската репрезентација.

Eден од најстандардните играчи во репрезентацијата од денеска ќе може да им се приклучи на соиграчите на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство, а исто така и селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на Барди за првиот натпревар на ЕП, кој неговите избраници ќе го играат на 13 јуни против Австрија.

Ова беше трет тест за Барди, претходните два беа позитивни и иако тој беше без сипмтоми и во добра состојба, не смееше да тренира со останатите фудбалери.

> Барди е негативен на коронавирус и ќе може да настапи против Австрија <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица