Утрински Весник
Спорт

Барање за паричен надоместок до ФИФА поднеле 441 фудбалер

ФИФА во контакт со ВАДА околу одлуката за суспензија на Русија од Мундијалот во 2022 година

Нион, 15 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерите од клубовите во стечај ќе добијат помош од ФИФА. Вкупно 441 фудбалер поднеле барање до Светската асоцијација за паричен надоместок. Тоа се играчи кои имаат заостанати плати, а нивните клубови банкротирале и не можат да ги затворат долговите, објави ФИФА на Твитер.

81% од апликантите претставуваат европски клубови.

ФИФА ќе продолжи да прифаќа апликации преку Меѓународната федерација на Здружението на професионални фудбалери.

ФИФА и ФИФПро создадоа меѓународен фонд кој ќе одвои пари за играчи чии клубови банкротирале и не им исплатиле плати на фудбалерите. Почетокот на исплатите е на 1 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата