Утрински Весник
Свет

Банка по грешка уплатила 155 милиони евра на илјадници сметки

Банка по грешка уплатила 155 милиони евра на илјадници сметки

Десетици илјади луѓе на божиќното утро беа пречекани од неочекуван добродетел – банката Сантандер, која по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки, пишуваат медиумите.

Вработените во Сантандер сега брзаат да ги вратат парите, а оваа задача е тешка бидејќи голем дел од нив е уплатен на сметки во други банки, јави Би-Би-Си.

Настаната била грешка кога двапати биле извршени плаќања од деловни сметки од 2000 година.

Од банката нагласиле дека веќе започнале разговори со други банки.

Од Сантандер изјавиле дека тие банки ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на нивните клиенти.

Сепак, не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги имаат потрошено парите.

Од банката навестиле дека најверојатно и директно ќе контактираат со луѓето за да ги вратат парите.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили