Утрински Весник
Култура

Балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам на сцената на Националната опера и балет

Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 21 мај 2022, со почеток во 20.00 часот, во рамките на јубилејното 50.издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2022.

Диригент на претставата е гостинот од Грузија, Давид Мукерија. Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината од Романија Кристина Дижмару, добитничка на многу награди и признанија во балетската уметност. Во улогата на Алберт ќе настапи Станислав Олшанскиј, првенец на Националната опера и балет во Украина , во улогата на Мирта: Ивана Коцевска, Хиларион: Игор Веланоски , селско па де де: Христина Наќевска и Балаж Лашеи (Унгарија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Текстот Балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам на сцената на Националната опера и балет е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“