Утрински Весник
Спорт

Тотенхем ќе ги откупи договорите на Кулушевски и Ромеро

Антонио Конте, менаџерот на Тотенхем, планира да ги откупи договорите на Дејан Кулушевски и Кристијан Ромеро.

Тотенхем направија подвиг оваа сезона и во фото-финишот најверојатно ќе си обезбедат учество во Лигата на шампионите следната година. За тоа им треба победа во последното коло над Норич, кој одамна испадна од Премиер лигата.

Големи заслуги за успешните резултати имаат Кулушевски и Ромеро кои во Лондон дојдоа на позајмица.

За Кулушевски, кој на 17 натпревари постигна три гола и запиша осум асистенции, Јувентус бара 35.000.000 евра, додека за Аргентинецот Ромеро, Тотенхем на Аталанта ќе треба да плати 45.000.000 евра на Аталанта.

> Тотенхем ќе ги откупи договорите на Кулушевски и Ромеро <

Можете да прочитате

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата

Баер Леверкузен до историската шампионска титула во Бундеслигата стигна без пораз

Ферстапен на пол-позицијата во Имола