Утрински Весник
Спорт

Баерн Минхен продолжува со тренинзите

Баерн Минхен продолжува со тренинзите

Минхен, 5 април 2020 (МИА) – Фудбалерите на Баерн Минхен ќе ги продолжат тренинзите во понеделник при строга согласност со правилото за социјална дистанца, изјави „Кикер“.

Баварците ќе се соберат на теренот во мали групи од 4-5 играчи и ќе започнат лесен тренинг по присилната пауза поради пандемијата од коронавирусот.

Другите екипи од Бундеслигата веќе тренираа изминатава недела.
Германското првенство беше суспендирано кон средината на март и во овој момент датумот за продолжување на натпреварите е 30 април, но периодот веројатно ќе биде продолжен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони