Утрински Весник
Македонија

„Аџибадем Систина“ воведува тест за истовремено откривање на сезонски грип и коронавирус

„Аџибадем Систина“ воведува тест за истовремено откривање на сезонски грип и коронавирус
Dik 300x250 mk

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ воведе нов тип тест за PCR молекуларно докажување на присуство на повеќе типови на вируси, кои заедно со коронавирусот припаѓаат во група на вируси кои може да предизвикаат тешка респираторна клиничка слика.

Станува збор за таканаречен Мултиплекс панел тест, кој се изведува со земање брис од нос и грло и кој во исто време покажува присуство на коронавирус и присуство на секвенци од вирусите на сезонските грипови А и Б инфлуенца.

„Аџибадем Систина“ е првата болница во земјава која воведува и изведува ваков тип на тестирање за прв пат во Македонија.

Со само eден тест се докажува присуство на коронавирусот (SARS-CoV-2), но и другите вируси кои се карактеристични за есенската и зимската сезона.

„Во паника кога секој пациент со температура се третира како суспектен за Ковид-19, од голема полза е навремено и точно дијагностички да се утврди кој е причинителот на таа симптоматологија, која не секогаш е последица настаната после ковид-инфекција“, вели Среќко Рајовски, шеф на лабораторија за молекуларна дијагностика во „Аџибадем Систина“.

Цената на Мултиплекс тестот кој е препорачан и од СЗО е идентична како стандардниот PCR тест и чини 3.950 денари, а резултатите се добиваат за 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат