Ѕвездата од хит-серијата „Дамски гамбит“, Ања Тејлор-Џој, научила англиски преку Хари Потер.
Таа одбивала да учи англиски цели две години кога првпат се преселила во Лондон од Аргентина, но нејзиниот чичко ја убедил да го засака јазикот преку книгите.
“Сакав да си одам дома, а во мојот менталитет на шест, седум години мислев дека родителите ќе мора да ме вратат ако не зборувам на јазикот. Вујко ми ќе ме седнеше со книгите Хари Потер, и јас учев од овие книги,“ рече таа, додавајќи дека сакала да глуми кога имала само пет или шест години.
24-годишната актерка доби високи признанија од филмската критика за нејзината волшебна изведба на шахистка во хит драмата „The Queen’s Gambit“ ( „Дамски гамбит“) во продукција на „Нетфликс“.
Во серијата Ања Тејлор-Џој ја глуми Елизабет Хармон, харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите.
Наречена по шаховски потег, мини-серијата во седум епизоди го следи животот на шаховското чудо Елизабет, чиј талент е откриен од старателот во дом за деца без родители. Таа се стреми кон врвот на играњето шах на меѓународната сцена. Дејството во серијата се случува во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век.
Новата серија на „Нетфликс“ е најдобро рангирана серија на оваа стриминг-платформа.