Утрински Весник
Спорт

Ајакс го урива клупскиот рекорд – Але пред трансфер во Амстердам

Ајакс го урива клупскиот рекорд – Але пред трансфер во Амстердам

Фудбалскиот клуб Ајакс се подготвува да го урне клупскиот трансфер рекорд. Пред трансфер во славниот холандски клуб се наоѓа францускиот напаѓач Себастијан Але. Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, добро го познава Але, заедно беа во Утрехт во периодот од 2015 до 2017 година.

Себастијан Але пред 18 месеци, за голема сума на пари (50 милиони евра), од Ајнтрахт Франкфурт се пресели во Вест Хем јунајтед.

Во Вест Хем не покажа зошто клубот издвоил толку пари за неговиот трансфер.

Според англиските медиуми, Вест Хем биле подготвени да го продадат за 25 милиони евра.

Доколку трансферот биде реализиран тогаш Ајакс ќе го урне клупскиот рекорд, кој го поставија пред три сезони кога го донесоа Дуашн Тадиќ за 15 милиони евра од Саутемптон.

> Ајакс го урива клупскиот рекорд – Але пред трансфер во Амстердам <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале