Утрински Весник
Спорт

Ајакс воведе необична забрана за навивачите

Холандскиот гигант Ајакс одлучи да им забрани на навивачите да носат писмени пораки на стадионот во кои бараат дресови од фудбалерите за време на натпреварот. Така, од новата сезона нема да има многубројни пораки што навивачите ги испраќаат до фудбалерите на „Јохан Кројф Арена“.

dobivaj vesti na viber

Од Ајакс тврдат дека решиле на овој начин да ги заштитат играчите кои често се критикувани дека не му го дале дресот како подарок на некој од навивачите.

„Веќе не е можно играчите да ги исполнат сите барања. Секогаш кога поминуваат покрај навивачите без да им дадат дрес, често се критикувани и етикетирани како арогантни“, објави холандскиот клуб.

Ваквите пораки станаа многу чести на трибините. Претежно ги држат млади навивачи, па фудбалерите често се наоѓаат во незавидна положба кога на трибините ќе се најдат пораки со барање за дрес.

Ајакс реши да реагира. Тие решија да воведат забрана за вакви транспаренти и повеќе нема да се појавуваат на „Јохан Кројф Арена“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина