Утрински Весник
Македонија

Ахмети: 24 март важен датум во нашата понова историја

Ахмети: НАТО бидна, на ред е Европа

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети денеска потенцира дека 24 март во нашата понова историја се запишува како важен датум за вести
од Брисел. Ахмети им честиташе на граѓаните, за ова, како што се посочува, „извонредно достигнување со најискрените желби за што поскоро надминување на оваа ситуација за да ги засукаме ракавите и да се
фатиме за работата што не очекува, како земја членка на НАТО и преговорач за членство во Европската Унија“.

Ова е сигурната иднина, без ниту едно колебање и двоумење, наведува Ахмети.

Во писмената изјава тој потсетува дека денес, како и во 1999 година, ни доаѓа надежна вест од Брисел дека Европската Унија одлучи да ги отвори преговорите за полноправно членство
на нашата земја и Албанија.

– И ова е многу надежна и важна вест за сите нас, особено кога поминуваме тешки денови во
соочување со заканата за здравјето на секој од нас. Во 1999 година, Северноатланската Алијанса ги започна воздушните напади против српските сили и заедно со народот и ОВК го ослободија Косово и
потоа ја донесоа и независноста. Денес и оваа година, нашите политички и воени напори за отцепување од југословенската филозофија резултираат со тоа што го тежнеевме со децении. Вчера садевме за денес да жнееме. Процесот за членство во НАТО се заокружи, а вратата на Европа се отвори. Како орелот кој лета високо, без да го загуби во ниту еден момент погледот од целта, заедно успеавме, посочува лидерот на ДУИ.

Според него, оваа одлука е заслуга на граѓаните, и се остварила благодарение на нашата волја.

-И јас сум благодарен што вие се определивте вашата доверба да ни ја делегирате нам сите овие години, и како што сум ве уверувал постојано, ние нема да Ве разочараме никогаш, им порача Ахмети на граѓаните. ев/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд