Утрински Весник
Македонија

Ахмети по најавата за ново мнозинство: Во контакт сум со САД, НАТО и ЕУ, нема да постапуваме со емоции

Ахмети по најавата за ново мнозинство: Во контакт сум со САД, НАТО и ЕУ, нема да постапуваме со емоции

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека комуницираат со партиите со евроатлантска определба и стратешките партнери, по најавата дека е создадено ново парламентарно мнозинство од сите опозицииски партии.

„Состојбата создадена со оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивен контакт со сите партии, освен оние кои го негираат Охридскиот договор, Преспа, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

Исто така, за актуелните случувања, Ахмети рече дека е во контакт и со стратешките партнери –  САД, НАТО и ЕУ.

„Нема да постапуваме ниту со емоција, ниту со еуфорија“, наведе Ахмети.

Вели дека има многу телефонски повици, пораки и поддршка од сите страни, а во неможност е да одговори на сите.

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор? 

УСЈЕ: Работиме согласно Европската регулатива и сите важечки закони

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово