Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Одлука за датум за избори идната недела, по информациите од надлежните институции

Ахмети: Одлука за датум за избори идната недела, по информациите од надлежните институции

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Останува идната недела да имаме уште една средба за да се добијат потребните информации од соодветните надлежни институции и повторно да се собереме и да одлучиме за наредниот датум за избори.

Ова го истакна претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски за договарање нов датум за парламентарните избори.

-Во воена состојба сме со невидлив непријател, во воена состојба збор имаат генералите, а во овој случај генералите се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и даваат препораки и за кои апелирам сите граѓани да ги почитуваат без разлика на нивната етничка припадност за да ја добиеме оваа глобална војна, рече Ахмети.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце