Утрински Весник
Македонија

Ахмети на средба со бизнисмените од Визбегово

Ахмети на средба со бизнисмените од Визбегово

Скопје, 17 февруари 2020 

Демократска Унија за Интеграција на чело со претседателот Али Ахмети и соработниците реализираа состанок со Здружението на приватни бизнисмени во индустриската зона Визбегово. Здружението на приватни бизнисмени на чело со претседателот Неџат Шаини, го поздрави придонесот на ДУИ за државната помош во подобрување на бизнисот, како и еднаквиот третман на домашниве компании и странските инвеститори.

Претседателот Ахмети изјави дека развојот на оваа зона има значење во развојот на земјата и истакна дека ДУИ на бизнисмените им нуди безрезервна поддршка.

-Сите дискутирани работи се оправдани. Вие пратетени ги детали да се направи добра програма и ќе се земаат предвид затоа што ние имаме полна екипа која работи за идната програма. Се работи за големи суми кој циркулираат, оваа зона е во голем интерес за развојот на државата за сите граѓани. Не беа мали проблемите со кои сме се соочиле и сега овие кој што доаѓаат навистина се голем интерес затоа што не може да има одржлива политика без одржлива економија, овие две сектора се врзани едни со други. Но проблемите не се несовладливи, не може тешкотии да создаваат другите за ние да не може да ја реализираме целта и проектите што вие ги имате”, истакна претседателот Ахмети.

Министерот за екомонија, Крешник Бектеши, истакна некој од барањата на бизнисмените и наведе дека оваа зона имаа посебно место во следната програма на партијата и дека ќе се работи за понатамошниот развој.

– Сакам да ве информирам дека токму со барање и предлог на Демократска унија за интеграција во тек на формирање на последната влада оваа индустриска зона е ставена и во програмата на владата и на овој начин се делени и средствата за изградба на канализација и водовод, два проекта кој се во тек и се надеваме дека во многу кус рок ќе заврши. И во тек на подготовка е програмата на партијата со која ќе се натпреваруваме на изборите на 12 април ја имаме предвид зоната од Визвегово, како една од најзначајните зони за економскиот развој во Скопје. Зоната во Визбегово, ќе има посебен статут како зелена индустриска зона. Што се однесува до трансформацијата на земјоделското земјиште во градежно земјиште се крати процедурата со донесување на законот, затоа што развојот на оваа зона е во интерес на бизнисот. Сега веќе издвоивме средства за аслафтирање на локалните улици”, истакна министерот Бектеши.

Индустриската Зона Визбегово е една од порентабилните и ликвидните зони во Северна Македонија, која генерира околу 500 милиони евра, со нето добивка над 40 милиони евра, со над четири илјада вработени.

Здружението на бизнисмени на Визбегово, наведе неколку барања со приоритет како што е патната ифраструктура, правиниот статут на индустриската зона, подобрување на енергетската инфраструктура и други барања.

ДУИ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Кадровски промени на Водно, правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Претрес во Струмица, приведен дилер