Утрински Весник
Македонија

Ахмети до координаторката на ОН: Статусот на Охрид во УНЕСКО е наш најголем приоритет

Ахмети до координаторката на ОН: Статусот на Охрид во УНЕСКО е наш најголем приоритет

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите Нации во земјава, Росана Дуџак.

Како што информираат од партијата, на средбата Ахмети ја запознал Дуџак со зелената агенда на ДУИ, за која посочил дека сега е еден од столбовите на партијата.

Во оваа насока, Ахмети зборувал и за статусот на градот Охрид во УНЕСКО.

„Охридското прашање е најголем приоритет на Република Северна Македонија, а државата веќе има усвоено ефективни законски решенија со цел да го заштити, како и механизми за нивно спроведување“, посочил лидерот на ДУИ.

Од партијата информираат дека на средбата станало збор и за спроведувањето на големите проекти како што е етничката
еднаквост, членството на земјата во НАТО и добивањето на зелено светло што е можно поскоро за започнување на преговорите со ЕУ.

Можете да прочитате

Горан Минчев оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Македонија

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

Учество на министерот Муцунски на вториот министерски состанок на балканската платформа за мир во Истанбул