Утрински Весник
Македонија

АУЕ-ФОН со подготвителна настава им помага на средношклоците за подобри резултати на државната матура

АУЕ-ФОН со подготвителна настава им помага на средношклоците за подобри резултати на државната матура

Американскиот универзитет на Европа-ФОН имајќи ги предвид постојаните промени во наставата заради пандемијата, односно следење online или со физичко присуство, ќе овозможи подготвителна настава за сите средношколци кои треба да полагаат државна матура. Подготвителната настава е без финансиски трошок и има за цел да се опфати потребниот материјал, а учениците навремено да се подготват за полагање на државната матура со која го заокружуваат своето средно образование.

Подготвителната настава ќе ја реализираат еминентни и докажани универзитетски професори од АЕУ-ФОН по следните предмети: македонски јазик и литература, странски јазик (англиски, француски, германски и руски), математика и ликовна уметност.

Наставата започнува од 5 март и ќе трае сè до исполнување на целиот фонд на часови. Заинтересираните средношколци можат да аплицираат за еден или повеќе предмети, во зависност од потребите за подготовка.

Сите средношколци можат да аплицираат за дополнителна настава на следниот линк fon.edu.mk, по што ќе бидат веднаш контактирани.

АЕУ-ФОН им посакува среќа на матурантите и успех во новите животни предизвици!

Можете да прочитате

Кирјас со остар настап пред европските либерали – 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија