Утрински Весник
Спорт

АТП отвори истрага за обвинувањата за насилство од Александер Зверев

АТП отвори истрага за обвинувањата за насилство од Александер Зверев

АТП-турнејата потврди дека ќе спроведе истрага за обвинувањата за домашно насилство кон поранешната девојка на олимпискиот шампион Александер Зверев една година откако поранешната јуниорска тенисерка Олга Шарипова го обвини Германецот дека неколкупати сериозно физички ја нападнал.

Шарипова во август оваа година додаде нови обвинувања кон Зверев во интервју со магазинот „Слејт“ велејќи дека Зверев ѝ удрил бокс во нивната хотелска соба за време на мастерсот во Шангај во октомври 2019. Зверев постојано ги отфрла обвинувањата и неодамна поведе судски случај против Шарипова за нарушување на угледот.

АТП беше критикувана што не постапила по обвинувањата толку долго време пред денеска да се јави со соопштение.

„АТП целосно го осудува секое насилство и ќе ги истражи обвинувањата за член на АТП-турнејата. Се работи за сериозни обвинувања и мора да ги испитаме. Мое разбирање е дека Зверев ја поддржува истрагата и дека ги отфрла обвинувањата. Ќе ги следиме и судските разврски по случајот пред германските судови“, изјави претседателот на АТП, Масимо Калвели.

Зверев на поранешната девојка ѝ велел: Јас заработувам, ти си никој и ништо

Поранешната девојка го обвини Зверев дека физички ја малтретирал

> АТП отвори истрага за обвинувањата за насилство од Александер Зверев <

Можете да прочитате

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Ван Перси го презеде Херенвен