Утрински Весник
Спорт

Атлетико и Интер официјално се повлекоа од Суперлигата

Атлетико и Интер официјално се повлекоа од Суперлигата

Повлекувањето на англиските тимови од европската Суперлига предизвика домино-ефект. Офоцијално од натпреварувањето на богатите се повлекоа Атлетико Мадрид и Интер, а нивните стапки ги следи и Јувентус, откако Андреа Ањели, изјави за Ројтерс, дека е невоможно европската Суперлигата да биде организирана.

Од 12 клубови, кои во неделата, објавија дека формирале европска Суперлига, со соопштенија не се огласија само Реал, Барселона и Милан.

Атлетико во своето соопштение потврди дека со одлуката клубот да се повлече од европската Суперлигата задоволни биле навивачите, играчите и тренерот Диего Симеоне.

„Управниот одбор на Атлетико Мадрид, денес одржа состанок и сака да ја извести Суперлигата и останатите основачи, дека нема да го формализира своето учество во овој проект. Атлетико, во понеделникот донесе одлука под околности кои денес повеќе не постојат. За клубот е најважно да постои хармонија со сите групи во црвено-белото семејство, особено со навивачите. Првиот тим и тренерот искажаа задоволство од оваа одлука, сметаат дека спортот е поважен од сите други критериуми“, стои во соопштението на клубот од „Ванда Метрополитано“.

> Атлетико и Интер официјално се повлекоа од Суперлигата <

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони