Утрински Весник
Економија

Атансаов: Обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со што го стабилизираме пазарот со зелка

Атансаов: Обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со што го стабилизираме пазарот со зелка

Почитувани,
 
Со конкретни  мерки и проекти Владата предводена од СДСМ им помага на земјоделците и овозможува намалување на штетните последици и нивно побрзо закрепнување од глобалната здравствена и економска криза.
Обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка од домашно производство, со што го стабилизираме пазарот со зелка и им помагаме на земјоделците.
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.
За нив е обезбедена финансиска поддршка во износ од 3 денари по килограм зелка, а исплатата се однесува за количини кои се продадени во периодот од 05. април до 05. мај 2020 година.
На овој начин обезбедуваме стабилизација на пазарот со зелка  кој во месец април беше дестабилизаран поради намалување на побарувачката и откупната цена,  како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.
Дополнително, обезбедени се средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година, кои ќе се искористат за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.
Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците. На овој начин се грижиме за домашното производство и за земјоделството како исклучително важна гранка во македонската економија.
СДСМ, како одговорна партија продолжува со вистинска и конкретна помош за земјоделството и руралниот развој.
Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за поголеми плати на работниците

Мицкоски: Во нашата програма беше најавен проектот ниски даноци, прв ќе биде данокот на добивка

Намалување на цените на горивата