Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец тешко повреден со нож во тепачка, напаѓачот приведен

Трагедија во Гостивар, една жена е убиена, а две лица се повредени

Охрид, 3 мај 2020 (МИА) – Триесет и седумгодишен охриѓанец е повреден во инцидентот што вчера се случи на улицата „Кузман Капидан“ во Стариот дел на Охрид.

Инцидентот се случил во 17:40 часот, при расправија меѓу Б.М. (40) од Скопје и У.И. од Охрид. Притоа скопјанецот со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот на на У.И. кој со тешки телесни повреди бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид за укажување на лекарска помош.

Портапролот на СВР – Охрид Стефан Димоски појасни дека Б.М. бил приведен во полициска станица, а пронајден бил и ножот, како и оти се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите што му претходеле на индицентот.аб/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч