Утрински Весник
Спорт

Атаман упати апел до ФИБА и ЕЛ

Ергин Атаман, тренер на турската кошаркарска репрезентација и тренер на двократниот европски шампион Анадолу Ефес, е само еден од низата истакнати кошаркарски работници кои се шокирани од несовпаѓањето меѓу ФИБА и Евролигата и последиците од конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Поради неможноста функционерите на двете организации да ги координираат календарите, репрезентациите во натпреварите на ФИБА во текот на клупската сезона играат без кошаркари кои се натпреваруваат во Евролигата и Еврокупот, како и оние кои играат во НБА.

„ФИБА и Евролигата мора да најдат решение за своите проблеми. Да, играчите од НБА можеби нема да можат да бидат присутни за време на „прозорецот“ на ФИБА, но барем тренерите и играчите од Евролигата треба да им бидат достапни на националните асоцијации за време на квалификациските натпревари што се одржуваат во текот на сезоната“, рече Атаман.

Следниот квалификациски прозорец за Светското првенство на ФИБА е закажан за крајот на август, а на 1. септември ќе започне првиот Евробаскет по пет години.

Можете да прочитате

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот