Утрински Весник
Спорт

Артур ја прифати понудата на Јувe, договорот со Барса е пред крај

Барселона му дозволи на Артур да преговара со Јувентус

Барселона, 24 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Барселона, Артур, конечно ја прифати понудата за трансфер во Јувентус. Според „Калчомеркато“, последната понуда за плата на Бразилецот од 5,5 милиони евра ги убедило неговите претставници.

Ова би било огромно зголемување на платата на Бразилецот, при што веб-страницата тврди дека ова е трипати повеќе од она што го плаќа Барса на годишно ниво.

„Калчомеркато“ и „Мундо Депортиво“ велат дека размената е веќе на „финална права“, бидејќи халфот Миралем Пјаниќ пред долго време се согласил да се пресели на „Камп Ноу“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник

Нови шест натпревари на Мундијалот