Утрински Весник
Спорт

Артета: Добро тргнавме, ама потоа не можевме ништо!

Артета: Добро тргнавме, ама потоа не можевме ништо!

Тренерот на Арсенал, Шпанецот Микел Артета се заблагодари на поддршката од навивачите иако неговиот тим поплднево со 5-0 загуби од Манчестер Сити на „Итихад“. Загрижува податокот што „топчиите“ имаа само 20% посед на топката, но и за 90 минути не упатија ниту еден удар кон голот на „граѓаните“.

„Кога губиш 3-0 и имаш 10 играчи тешко дека нешто можеш да направиш. Не можеш да ја задржиш топката со играч помалку затоа што прават притисок, играат човек на човек. Ментално ова беше тешко за нас затоа што дојдовме овде по два порази. Добро тргнавме и тогаш примиве два гола и останавме со играч помалку . Примивме уште два гола, многу сум разочаран. Благодарам до навивачите, дојдоа повеќе од 3.000 и ни пружија поддршка на вака тежок ден“ – рече Артета.

По првите 3 кола во Премиерлигата, Арсенал е закован на дното со исто толку порази, но и без постигнат погодок, со гол разлика 0:9.

> Артета: Добро тргнавме, ама потоа не можевме ништо! <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења