Утрински Весник
Македонија

Артан Етеми-економскиот директор на тетовската болница се повлече од функцијата

Артан Етеми-економскиот директор на тетовската болница се повлече од функцијата

Артан Етеми економскиот директор на болницата во Тетово, на социјалните мрежи огласи дека поради морални причини и последиците од пожарот се повлекува од функцијата. Неговата оставка доаѓа кратко по оставката на директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими.

„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин“, напиша Етеми.

„Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите“, порачува во својата порака на социјалните мрежи, Етеми.

Можете да прочитате

Угинати риби во реката Треска, се бараат итни анализи на водата

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани