Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Со 250 нови еко автобуси до подобар градски превоз

Арсовска: Со 250 нови еко автобуси до подобар градски превоз

Во 30 минутното возење низ Скопје можевме да приметиме дека непријатно е возењето посебно кога станува збор за дупките по улиците и неизбалансираните шахти, поради кои се оштетуваат возилата, што ќе биде како проблем решено во првите 82 дена од мојот мандат. Непоходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. Тоа е најбрзото и најсигурно решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од БРТ проектот кој значи дополнителни инфраструктурни проекти и со тоа реализацијата ќе трае со години. Не ни треба решение за само дел од Скопје, бидејќи решенијата мора да се однесуваат на сите делови на Скопје“ изјави независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, по возењето во градски автобус низ улиците на Скопје.

Арсовска посочи дека на скопјани им е доста од половични решенија и се обврза на итно решавање на нивните проблеми.

„Ако бил толку добар БРТ проектот зошто се покажа дека сега треба да се интервенира на мостот Обединети нации, зошто дополнително да се сече зеленилото на Партизанска, зошто да се имплементира решение што не е за цело Скопје“, истакна таа.

Проектот за еко автобуси, според Арсовска ќе реши многу проблеми, а во исто време ќе направи ред на возење каде интервалот на доаѓање на автобуси ќе се скуси за да биде превозот побрз и почест.

„Тоа ќе значи помала гужва во автобусите. Во исто време ќе се воведат и почести ноќни линии за викендите. За овие решенија не требаат месеци, а да не зборуваме години, како што е менување на возен ред, ама кај нас и за едноставните нешта се чека со години“, додаде Арсовска.

Ги повика и граѓаните да дадат свое мислење за овој проект, затоа што според неа тие се главните сведоци на лошо менаџирање на ЈСП поради непродуктивни трошоци, непостоење систем за брз и ефикасен превоз кој само во првата половина од 2021 година има загуба од 139 милиони денари.

Можете да прочитате

Чупеска: Новата претседателка Сиљановска Давкова го прекрши Уставот на С. Македонија

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2024

Дали милијардата на Мицкоски, ќе ја чини државата повеќе отколку милијардата на Циле?