Утрински Весник
Македонија

Арсовска од врата на врата на Водно: Граѓаните ја препознаваат мојата визија за Скопје

Арсовска од врата на врата на Водно: Граѓаните ја препознаваат мојата визија за Скопје

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска на теренската активност од врата на врата посети повеќе домови од скопската населбата во општина Центар – Водно, каде што со граѓаните разговараше за приоритетните проекти и понуди брзи решенија за нивните проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.

Целосно завршување на изградбата на втора фаза од жичарата на Водно со цел овозможување на полесен и брз пристап за сите граѓани, но и за туристите кои сакаат да го посетат Водно, заштита на зеленилото и подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот се дел од клучните проблеми и потреби кои граѓаните ги истакнаа во разговор со кандидатката Арсовска.

„Ме радува што граѓаните ја препознаваат мојата визија и идеи за подобро Скопје и верувам дека заедно преку соработка и во интерес на сите скопјани ќе реализираме квалитетни и издржливи решенија за Скопје како модерна метропола. Тоа го заслужуваат моите сограѓани. Јас не сум политичар и нема да бидам. Ќе работам исклучиво во служба на граѓаните, а тие ќе бидат мојот коректор со цел успешно реализирање на програмата за модерно Скопје“, изјави Арсовска по средбата со жителите од Водно.

Можете да прочитате

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски