Утрински Весник
Спорт

Араухо во Барселона до 2026 година, откупната клаузула изнесува милијарда евра

Dik 300x250 mk

Каталонскиот гигант Барселона ја продолжува соработката со одличниот дефанзивец Роналд Араухо и во наредните четири сезони. Тој потпиша нов договор и се обврза дека ќе остане на „Камп Ноу“ до 2026 година. Араухо в петок ќе ја има промоцијата на новиот договор.

Откупната клаузула доколку сака порано да си замине од Барселона изнесува една милијарда евра. На овој начин раководството на каталонскиот клуб „врза“ уште еден квалитетен фудбалер на долг рок.

Уругвајскиот интернационалец е во Барселона од 2018 година.

> Араухо во Барселона до 2026 година, откупната клаузула изнесува милијарда евра <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен