Утрински Весник
Економија

Апостолска: Домашните компании инвестираат и го модернизираат производството

Апостолска: Домашните компании инвестираат и го модернизираат производството
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА)Домашните компании ја препознаа поддршката од Владата, засилено инвестираат и го модернизираат производството, порачала министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска која денеска ја посети компанијата „Лион“ од Свети Николе, капацитет за кондиторски производи и корисник на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. 

Кабинетот на Апостолска информираше дека на средбата со сопствениците и менаџментот на компанијата, министерката се запознала со текот на реализацијата на инвестицискиот проект со кој се врши модернизирање на производството, воведување современи системи на квалитет и зголемување на продуктивноста, што ќе резултира со отворање нови работни места во фабриката и проширување на асортиманот на производи.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Министерката Апостолска истакнала дека работењето на „Лион“, позитивните деловни резултати кои се остваруваат преку постојано вложување во проширување на асортиманот на производи и освојување нови пазари во Европа, Северна Африка, Блискиот Исток и САД, најдобро ги илустрира реалните ефекти кои владините економски политики ги испорачуваат во делот на поддршката на домашните компании во нивните напори за фаќање чекор со глобалните трендови.

– Новите инвестиции во современа опрема и машини, воспоставување организациски облици за технолошки развој и истражување, проследено со постојан развој на менаџерски знаења и вештини, станува главен фактор за растот и развојот на компаниите и зајакнувањето на нивната конкурентност. Тоа е една од целите кои сакавме да ги постигнеме со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, а работењето на Лион е најдобра илустрација за остварувањето на оваа посакувана цел, рекла министерката Апостолска.

Таа дополнила дека и растот на индустриското производство од 3,6 проценти во минатата година, споредено со 2018 година, претставува силен показател за ефектите од економските политики врз индустријата, година во којашто, како никогаш досега, за поддршка на економијата беа издвоени буџетски средства од 55 милиони евра.лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност