Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли и Бред Пит налетаа еден на друг во Рим, но сè е по старо

Таблоидите сè уште пишуваат за неодамнешната средба на Бред Пит и Анџелина Џоли во Рим. Ова можеби сугерира помирување, но во реалноста двете холивудски ѕвезди се сретнаа за посебна пригода која се однесува на некој друг.

dobivaj vesti na viber

Иако изгледа како наслов кој звучи како помирување, не е така.  Всушност, поентата е дека и двајцата актери, поранешни сопружници, се совпаднале во Италија.

Џоли веќе била во Рим со своите деца, поради работа. Таа во Италија го снима својот нов филм како режисерка, и нејзиниот престој се совпаднал со роденденот на двете деца близнаци Нокс и Вивиен, кои на 12 јули наполнија 14 години.

А тоа е местото каде Бред Пит, кој деновиве е на турнеја низ Европа промовирајќи го својот нов филм Bullet Train, допатуваал од Париз во Рим, каде бил забележан на италијанскиот аеродром Чампино во Рим.

Актерот, наводно, се сретнал во Рим со своите деца за да го прослави роденденот. Сепак, Vulture тврди дека Џоли и Пит немаат никаков контакт. „Работи што се однесуваат за нив двајцата, вклучително и сè што е поврзано со децата, го решаваат трети лица“.

Па, зарем не е можно помирување помеѓу Бред и Анџелина? Одговорот изгледа јасен: не. Иако во Холивуд се видени и почудни работи, коментираат светските шоу-биз медиуми.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста