Утрински Весник
Свет

Анонимуси хакирале надзорни камери на семејни куќи во Русија

Анонимуси хакирале надзорни камери на семејни куќи во Русија

Анонимуси упаднаа и во надзорните камери на семејните куќи, па цел свет можеше да погледне во домовите на руските цивили, но подоцна се предомислија и решија да го отстранат пристапот до овие камери за да ја заштитат приватноста на луѓето.

На страницата што ја формираа за таа цел, нарекувајќи ја „Зад непријателските линии – во живо“, тие ја опишаа нивната цел да ја запознаат руската нација за тоа што се случува во Украина и да им кажат дека државната пропаганда им го пере мозокот.

Речиси 150 милиони Руси не ја знаат вистината за причините и текот на војната во Украина. Нив ги храни пропагандата од Кремљ. Во Русија нема слободни медиуми, а интернетот е цензуриран.

– Имаме можност да се обидеме да пренесеме директна порака до луѓето во поробената земја – ги објаснуваат Анонимус причините за лансирањето на страницата.

Им порачуваат на Русите дека цел свет ќе им помогне доколку решат да се борат со диктаторот.

Можете да прочитате

Невреме ја зафати Италија – 24info.mk

Американска републиканска сенаторка остро реагираше по изјавата на Трамп за целосна контрола на Гренланд

Трамп: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд