Утрински Весник
Свет

Англија: Вакцината на „Астразенека“ предизвикува убедлив имунолошки одговор кај постарите

Англија: Вакцината на „Астразенека“ предизвикува убедлив имунолошки одговор кај постарите

Вакцината против коронавирус на „Астразенека“ предизвикува убедлив имунолошки одговор кај постарите лица, иако податоците за точното ниво на заштита не се познати, соопшти англискиот Институт за јавно здравје, откако Германија препорача вакцината да се дава само на лица под 65 години.

„Според планот за вакцинација, вакцината на „Астразенека“ треба да се дава само на граѓани на возраст од 18 до 64 години“, објави германската комисија за вакцини, еден ден пред одлуката на европскиот регулатор за одобрување на вакцината.

Велика Британија прва ја одобри и веќе ја променува вакцината на „Астразенека“, изработена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Велика Британија вакцинираше седум милиони луѓе со првата доза и планира да ги вакцинира најранливите групи, вклучувајќи ги и луѓето над 70 години, до средината на февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп