Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Англичаните пак се жалат на расизам, сега од Полјаците!

Англичаните пак се жалат на расизам, сега од Полјаците!
300x250 opst2

Полската фудбалска федерација ги отфрли обвинувањата од англиските медиуми и фудбалери дека полските фудбалери расистички ги навредувале противниците при вчерашниот меч од квалификациите за Светското првенство во 2022.

Англиската фудбалска федерација (ФА) засега одбива да ги коментира контроверзните случки на полувремето, но побараа ФИФА да направи истрага.

„Англиската ФА се пожали на полувремето до ФИФА да се истражи што се случило. Но, ние сме 100 отсто сигурни дека немаше расистички навреди. Ги познавам сите фудбалери и знам дека никој од нив не би направил такво нешто“, вели Јакуб Квјатковски, менаџерот на тимот.

На крајот на полувремето, Камил Глик беше вклучен во расправија со Кајл Вокер и го „фати“ за вратот, по што се случи мешаница меѓу фудбалерите. Глик, кој игра во Беневенто во Серија Б, потврди дека имало навредувања со Вокер, и додаде дека фудбалерот на Манчестер сити одбил да се ракува подоцна.

„Имаше некоја мешаница. Потоа сакав да се ракувам со Вокер, но тој не го прифати тоа. Имаше вербални дофрлања, но ништо повеќе“, вели Глик.

Англија и Унгарија во вербална „војна“, ФИФА најави истрага

> Англичаните пак се жалат на расизам, сега од Полјаците! <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица