Утрински Весник
Спорт

Ангеловски: Одлучив Несторовски да не биде во комбинација за мечот со Германија

Angelovski

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови.

– Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија, соопшти Ангеловски.

Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март.

Можете да прочитате

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута

Норвешка го елиминира Бразил, Халанд со два гола за четвртфинале

Ѓоковиќ испиша историја на Вимблдон – нов рекорд и пласман во четвртфиналето