Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Мерката ослободување од плаќање аконтации за самостојни вршители на дејност продолжува и во јуни и јули

Ангеловска: Мерката ослободување од плаќање аконтации за самостојни вршители на дејност продолжува и во јуни и јули
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Мерката ослободување од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во месеците јуни и јули, објави министерката за финансии на својот профил на Фејсбук.

Како дел од првиот сет економски мерки, наведува Ангеловска, погодените компании и вршителите на дејност имаа можност да поднесат барање за ослободување од плаќање аконтации. Над 1500 компании и вршители на дејност ја користат мерката, а сега таа продолжува да важи и за јуни и јули годинава.

-Најмногу од компаниите кои ја користат мерката се од дејностите: транспорт, дејности за подготовка и служење на храна, туристички агенции, туроператори и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и објекти за сместување. Најголем број од претпријатијата ослободени од аконтација за данок на добивка се микро и мали со преку 90 проценти застапеност. Со ова се поддржува ликвидноста на погодените компании со цел полесно да се справат и опорават во периодот кој следи, напиша министерката за финансии. лв/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна