Утрински Весник
Свет

Американските војници кои нема да се вакцинираат може да бидат отпуштени

Американските војници кои нема да се вакцинираат може да бидат отпуштени
Dik 300x250 mk

Американските воени офицери кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирус може да бидат суспендирани од своите должности и потенцијално отпуштени, соопшти американската војска. Откако Администрацијата за храна и лекови целосно ја одобри вакцината на Фајзер / Бионтек, секретарот за одбрана, Лојд Остин, нареди сите активни припадници на војската да бидат вакцинирани.

Војската соопшти дека започнала со примена на наредбата кон крајот на август, додавајќи дека војниците можат да побараат да бидат изземени од валидни медицински, верски и административни причини. Сепак, наредниците, високите офицери и офицерите на командни позиции кои одбиваат да се вакцинираат и не очекуваат изземање од ваквaта одлука, ќе се соочат со суспензија или разрешување доколку ја одбијат наредбата, се вели во соопштението на војската.

„Војниците кои одбиваат вакцина прво ќе бидат советувани по нивна наредба, но повторената непослушност може да резултира со парична казна или дисциплинска санкција која вклучува суспензија или отпуштање“, се вели во соопштението.

„Ова е буквално прашање на живот и смрт за нашите војници, нивните семејства и заедниците во кои живееме“, рече генералот Рејмонд Скот Дингл, наведувајќи ја загриженоста за ширењето на многу заразниот делта-сој на коронавирус.

Од минатата недела, Министерството за одбрана на САД пријави повеќе од 353.000 случаи на инфекција меѓу персоналот и повеќе од 450 смртни случаи. Војската сега очекува нејзините активни единици да бидат целосно вакцинирани до 15 декември, а резервните единици и Националната гарда до 30 јуни следната година.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција