Утрински Весник
Сцена

Американскиот актер Хаген Милс изврши самоубиство

Американскиот актер Хаген Милс изврши самоубиство
300x250 (7)

Лос Анџелес, 21 мај 2020 (/) – Американскиот актер Хаген Милс, познат по својата улога во серијата „Баскетс“ е пронајден мртов, но постои сомнеж дека извршил самоубиство откако пукал во мајката на неговото дете, Ерика Прајс.

Полицијата ја пронашла Прајс (34) со прострелни рани на раката и градите.

300x250 (7)

Прајс за полицијата изјавила дека Милс (29) пукал во неа, а потоа и во себе.

Според полицијата, Милс ги држел како заложници неговата ќерка и мајката на Ерика, додека Прајс не се вратила дома, а потоа ја застрелал.

Мајката и ќерката на Прајс не се повредени при инцидентот, а Прајс е префрлена во болница и нејзината состојба е стабилна. ки/гт/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка