Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Американската држава Вирџинија ја укина смртната казна

Американската држава Вирџинија ја укина смртната казна
300x250 opst2

Собранието на американската сојузна држава Вирџинија го потврди законот со кој се укинува смртната казна на нејзината територија, што ја прави прва држава од југoт и 23-та во САД што ја укинува најстрогата казна, а куриозитет е што е земјата со најмногу извршени смртни казни во САД, објави „Ен-би-си“.

Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортам најави дека ќе го потпише штотуку потврдениот закон, што е предуслов тој да стапи на сила.

„Со укинување на смртната казна, Вирџинија никогаш повеќе нема да ризикува да убие невино лице и треба да се водиме од правдата, а не од желбата за одмазда“, рече делегатот на Собранието Мајк Малин, кој предложи да се донесе законот.

„Ен-би-си“ наведува дека укинувањето на смртната казна ја имало поддршката на демократите, од чии редови доаѓа гувернерот Нортем, кој неодамна се избори за мнозинство во дводомното собрание на Вирџинија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа