Утрински Весник
Свет

Американка има позитивен тест на Ковид-19 по втората доза вакцина од „Модерна“

Американка има позитивен тест на Ковид-19 по втората доза вакцина од „Модерна“
Dik 300x250 mk

Жена од Лонг Ајленд, САД, добила позитивен тест на Ковид-19 во вторникот – повеќе од еден месец по примањето на втората доза од вакцината на „Модерна“ наменета за заштита од вирусот, се вели во извештајот на „Њујорк пост“.

Мелани Розен, која работи како секретарка во училишниот кварт Хјулит-Вудмир, сметала дека по вакцинирањето со втората доза е безбедно да продолжи со нормалните активности, без да носи маска.

Таа почнала да чувствува симптоми набргу по присуството на бдеење – без маска – за таткото на еден пријател, кој починал.

„Таму, веројатно, имаше најмалку 10 члена на семејството. Се дружев околу еден и пол час, без да носам маска. Се прегрнав со неколкумина од нив“, вели Розен.

Розен добила затнат нос и болки во телото, особено во нозете. Подоцна дознала дека тројца членови на семејството, кои присуствувале на бдеењето, биле позитивни на Ковид-19.

„Бев шокирана“, вели Розен. „Јас сум во оние 4,9 отсто што ја добиле вакцината на ‘Модерна’ и потоа се заразиле со Ковид-19“.

Можете да прочитате

Јамајка погодена од ураган со рекордна сила, Старлинк нуди бесплатен интернет за помош

Извештај: За 1,5 година се обиделе да се самоубијат 279 израелски војници

Нетанјаху нареди напади врз Газа