Утрински Весник
Магазин

Амброзио го рекламира својот бренд костими за капење

Амброзио го рекламира својот бренд костими за капење

Алесандра Амброзио сподели фотографии на својот Инстаграм на кои се гледа како ужива во семејна дружба со својата 12-годишна ќерка Ања изминатава недела.

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret (39) го рекламира сетот „Шел бикини корал“ од 240 долари, од сопствената линија костими за капење „Гал Флорипа“.

Таа и нејзиното девојче се држат за раце додека трчаат по песокот покрај море. Тоа што веќе не е „ангел на Викторија“, не ја спречува да го покаже своето витко тело.

Але, како што ја нарекуваат фановите, ја има Ања (12) и осумгодишниот син Ноа со нејзиниот поранешен вереник, основачот на RE/DONE Џејми Мазур.

Во 2018 година, Алесандра ја раскина свршувачката со Џејми и оттогаш таа е во врска со Николо Оди, кој со својата сестра Карлота го основаше модниот бренд „Алануи“,

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот