Алесандра Амброзио минатиот месец го прослави својот 40. роденден.
Бразилската убавица ја покажа својата беспрекорна атлетска фигура во вторникот попладне, кога излегуваше од пилатес-студио во Лос Анџелес, Калифорнија.
Алесандра, на која ѝ се придружи колешката модел Луди Делфино, ги разголи своите тонирани раце и затегнат стомак во спортски градник и долни тренирки.
И во вакво издание, таа се издвојува од толпата.
Супероделот Алесандра потекнува од Бразил, но јавноста ја знае како калифорниска девојка. Таа својата кариера како модел ја почна на 12 години и оттогаш стана една од миленичките во модните кругови.
Таа секогаш зрачи со позитивна енергија и ненагласен сексапил, без разлика дали се релкасира на плажа или гази по пистите и позира пред објективите на познати модни дизајнерски имиња.