Утрински Весник
Свет

Велика Британија разгледува која вакцина ќе биде третата доза за стари лица и ранливи групи

Велика Британија разгледува која вакцина ќе биде третата доза за стари лица и ранливи групи
Ss2

Британски официјални лица разгледуваат кои вакцини против ковид-19 ќе обезбедат најдобра заштита за ранливите луѓе подоцна оваа година, но одлуката сè уште не е донесена, изјави денеска министерот за вакцини Надим Захави.

Велика Британија е втора земја во светот според стапката на вакцинација на населението против Ковид-19, а најмалку половина од возрасната популација ја прими првата доза.

Ss1

Владата сега размислува за трета доза за вакцинирање на постари и ранливи групи наесен откако целата возрасна популација ја прими втората доза.

„Лекарите сè уште не одлучиле дали да се посветат на тоа за да обезбедат поголем имунитет за најранливите или да ја зголемат трајноста на заштитата, или пак да бараат варијанти“, изјави Захави за „Скај њуз“.

На прашањето дали луѓето постари од 50 години би добиле дополнителна засилена доза, Захави повтори дека сè уште не донеле одлука.

Како што коронавирусот мутира и се појавуваат нови, многу позаразни варијанти, како што се јужноафриканската и бразилската, предизвикот за експертите е дали постојните вакцини ќе бидат подеднакво ефикасни против нив.

За да се зголеми интензитетот на истражување на вакцините против новите варијанти, Велика Британија најави дополнителни 30 милиони фунти во истражувачката лабораторија во Портон Даун.

Министерот за здравство Мет Хенкок рече дека инвестицијата треба да и обезбеди на Велика Британија подобра заштита од заканите од нови варијанти на коронавирусот.

Ss1

Можете да прочитате

Хамас навести дека сака да ги продолжи преговорите за прекин на огнот

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Шестмина загинати во украински напад со дронови врз рускиот регион Белгород