Утрински Весник
Свет

Амбасадор на САД во ОБСЕ: Русија планира да ги спои Доњецк и Луганск

Американскиот амбасадор во Организацијата за безбедност и соработка во Европа изјави дека во извештаите се наведува дека Русија планира да организира референдуми во средината на мај за спојувањето на Доњецк и Луганск, пренесува Би-би-си.

Американскиот амбасадор во Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Мајкл Карпентер, тврди дека Русија наскоро планира да ги спои самопрогласените Доњецк и Лугански народни републики.

„Според последните извештаи, веруваме дека Русија ќе се обиде да ги спои Доњецката Народна Република и Народна Република Луганск“, изјави Карпентер за новинарите во Вашингтон.

Можете да прочитате

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји

Лавров ги нарече обвинувањата дека Русија имала улога во инцидентот со беспилотното летало во Лајпциг „почеток на вистинска војна“